Пребарување

Vatican News
epaselect INDIA UTTRAKHAND GLACIER FLOODING

Папата упати апел по повод поплавите на северот од Индија

На крајот од редовната Генерална аудиенција во среда 10 февруари 2021 година папата Фрањо упати два апела.

Изразувам близина со жртвите од катастрофата што се случи пред три дена на северот од Индија, каде што се одвои дел од глечер предизвикувајќи голема поплава во која се поплавени градилиштата на две електрани. Се молам за загинатите работници и нивните семејства и за сите повредени и луѓето кои претрпеа штета – рече Папата во својот прв апел.

Во вториот апел, тој повика во пандемијата која и понатаму трае да се посвети посебна грижа и внимание на најсиромашните и најслабите.

„На Далечниот Исток и во различни делови на светот, во петок, на 12 февруари, милиони мажи и жени ќе ја прослават лунарната нова година. Упатувам срдечни поздрави на сите нив и на нивните семејства, заедно со желба новата година да донесе плодови на братство и солидарност. Во овој посебен час, во кој постои голема загриженост околу соочување со предизвиците на пандемијата, што влијае не само на телото и духот на луѓето, туку влијае и на општествените односи, се надевам дека секој ќе може да ужива со целосно здравјето и ведрина на животот.

Ве повикувам, на крајот, да молите за дарот на мирот и секое друго добро, потсетувам дека тоа се постигнува со добрина, почит, далековидност и храброст, никогаш не заборавајќи да посветите привилегирана грижа на најсиромашните и најслабите“  рече Папата

11 февруари 2021, 15:09