Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо со болно дете во Бангладеш Папата Фрањо со болно дете во Бангладеш 

Порака за денот на болните: Здравјето е примарно општо добро

На 12 јануари, 2021 година е обајвена пораката на папата Фрањо за 29. Светски ден на болните со наслов „Еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа“ (Матеј 23, 8) и со поднаслов „Односот на довербата како основа за грижа на болните“.

На старите лица, слабите и беспомошните не им е секогаш овозможен пристап до здравствена заштита и тој пристап не е секогаш и праведно регулиран, предупреди Папата во пораката, додавајќи дека не станува збор само за „политички одлуки“, туку и за управување со ресурсите. Предност имаат ресурсите за грижа и поддршка на болните затоа што, на крајот на краиштата, здравјето е првенствено општо добро – рече Светиот Отец.

Во пораката за Светскиот ден на болните Светиот Отец повикува на емпатија, однос на доверба и братство, што е исто така поврзано со неговата последна енциклика „Fratelli tutti“, за братство на сите луѓе, во која исто така зборува и за пандемијата со коронавирусот.

Пандемијата не ни покажа само негативност, туку и подготвеност и великодушност на здравствениот персонал, волонтери, есеценцијални работници, свештеници и монаси. Тие помогнаа на многу пациенти и на нивните семејства професионално, несебично, одговорно и со љубов кон своите ближни – посочува Папата.

Светскиот ден на болните се слави на празникот Пресвета Богородица Лурдска, 11 февруари, а Папата веќе на почетокот од пораката ја изразува неговата духовна близина со сите кои страдаат од последиците на пандемијата, посебно со најсиромашните и најотфрлените. Ги охрабрува христијаните да се грижат за болните и оние кои се на работ од општеството затоа што во спротивно не сведочат за својата вера, како што поучува Христос.

Папата посочува колку похумано е општеството, толку е понаклонето да ги прифаќа со братска љубов своите слаби и страдални членови. Ние се стремиме кон оваа цел и да ја постигнеме на тој начин што никој нема да биде заборавен или да се чувствува изолирано и напуштено – охрабри Светиот Отец. Страдањето на човекот му ги открива неговите граници и го охрабрува да поставува прашања во врска со смислата, да бара ново значење и цел за постоењето. Како што истакнува Стариот Завет – страдањето не е ниту казна, ниту оддалеченост од Бога, ниту знак на неговата рамнодушност – предупредува Папата.

За добра терапија е важен релацискиот аспект и во Евангелијата е очигледно дека Исусовите лекувања не се некои магични гестови, туку секогаш плод на средба и меѓусебен однос –  заклучува Папата во својата порака.

13 јануари 2021, 22:54