Пребарување

Vatican News
Здравствени работници Здравствени работници  (ANSA)

Папата се моли за здравствените работници и семејствата погодени од пандемијата

Во своето обраќање за време на молитвата Ангел Господов на празникот на Светото семејство, во недела, 27 декември 2020 година, Папата посебно ги спомена семејствата погодени од пандемијата и здравствените работници.

„Во мислите сум посебно со семејства кои изгубија некоја роднина во последните месеци или се силно погодени од последиците на пандемија. Исто така, мислам на лекарите, медицинските сестри и техничарите и на целиот медицински персонал чија што посветеност во борбата против ширењето на вирусот има значителни последици врз нивниот семеен живот“ - рече Папата.

„Сите семејства денес му ги доверувам на Господ, посебно оние кои се изложени на искушенија од животни тешкотии и рани на недоразбирања и поделба. Господ, кој се роди во Витлеем, нека им даде на сите ведрина и сила за да чекорат сложно по патот на доброто“ - додаде Светиот Отец.

27 декември 2020, 14:30