Пребарување

Vatican News
Училишен час Училишен час  (ANSA)

Порака на Папата до пијаристите

Во пораката по повод виртуелниот семинар кој овие денови го одржува Редот на сиромашните монашки клерици од Мајка Божја за црковните училишта, папата Фрањо истакна дека е голем нивниот придонес во воспитувањето и образованието.

Во пораката објавена на 12 ноември 2020 година во Ватикан, Папата ги повикува на обликување на новиот целосен образовен систем. Посветениот живот секогаш имал голема улога на подрачјето на воспитувањето, но сега мора да се соочи со новите образовни – политички предизвици.

Семинарот на пијаристите е посветен на глобалниот пакт за образование (Global Compact on Education) за кој Папата веќе со месеци поттикнува. На конференцијата во средината на октомври во Рим Папата предупреди на потребата од целосно образование кое го надминува економското и прагматичното размислување. Затоа повика на меѓународна соработка на одговорните од подрачјето на воспитувањето и образованието од целиот свет во пронаоѓање нови иницијативи. „Младите мораме да ги научиме да го ‘чуваат заедничкиот дом’ – порача меѓу другото Светиот Отец.

Пијаристите е католички ред за воспитување и образование на младите, основен е од свети Јосиф Класенциј, кој во 1597 година во римската парохиска црква „Света Дорота“ во Трастевере ја отвори првото јавно основно училиште во Европа, а во 1612 година и висока школа.

13 ноември 2020, 13:09