Пребарување

Vatican News
Монахињи на молитва Монахињи на молитва  (AFP or licensors)

Папата Фрањо: Жените се протагонисти на Црквата во излегување

Папата Фрањо упати порака до учесниците на семинарот на тема: „жените го читаат Фрањо: читање, размислување, музика“ – објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

„Прв пат една дикастерија вклучува група жени правејќи ги протагонисти на проектите културни правци кои ги развиваат, а не само затоа што се занимаваат со проблемите со кои се соочуваат жените. Вашиот совет го сочинуваат жени вклучени во различни сектори од општествениот живот и се носителки на културни и верски визии за светот, кој и покрај тоа што се различни, се приближуваат кон целта за соработка со меѓусебно почитување“ – пишува папата Фрањо во пораката упатена до учесниците на семинарот во организација на Папскиот совет за култура.

Цел на конференцијата е да создаде дијалог помеѓу интелектот и духовноста. Помеѓу единството и различноста, помеѓу музиката и литургијата, со основна цел, односно универзално пријателство и доверба. А тоа вие го правите со гласот на жените кои сакаат да дадат помош во оздравување на болниот свет. Со своите толкувања и погледи ќе можете да понудите одредена визија за социјално и културно соочување како придонес кон мирот, затоа што жените имаат дар да донесат мудрост која знае како да ги излекува раните, да прости, измисли и обнови – истакна Папата.

„Радосно и длабоко остварување на жената е концентрирано на овие два дела: прифаќање и навестување. Жените се протагонисти на Црквата во излегување, преку слушање и грижа која ја покажуваат за потребите на другите како и со изразена способност да ја поддржат динамиката на правда во атмосфера на блискост, во различните социјални средини во кои се наоѓаат и работат. Слушање, медитација, дејствување со љубов: тоа се конститутивните елементи на радоста која се обновуваа и се пренесува на другите, преку погледот на жената, во грижата за создадениот свет, во зачнувањето на поправеден свет, во создавањето дијалог што ги почитува и вреднува разликите

10 октомври 2020, 09:08