Папата упати апел за Либан, кој многу страда
Драги браќа и сестри.
Пред 75 години на 6 и 9 август се случи страшно атомско бомбардирање врз Хирошима и Нагасаки. Додека се потсетувам со емоции и благодарност за својата посета минатата година на тие места, повторно повикувам на молитва и ангажираност за свет ослободен од нуклеарно оружје.
Овие денови често мислам на Либан, го гледам таму либанското знаме, група Либанци. Катастрофата која се случи минатиот вторник, е поттик за сите, започнувајќи од Либанците, заедно да работат за општо добро за таа сакана земја. Либан има свој посебен идентитет кој е плод на различната култура и кој се појави во времето како модел за заеднички живот. Сигурно тој соживот сега е многу кревок, тоа ни е познато, но се молам со Божја помош и посветено учество на сите, повторно да се роди слободен и силен. Ја повикувам Црквата во Либан да биде блиску со народот кој е на Голгота, како што и прави овие денови со солидарност и сочувство, со отворени срца и раширени раце за меѓусебно делење. Повторно упатувам апел до меѓународната заедница за великодушна помош. Ги молам епископите, свештениците и монашките заедници во Либан да бидат блиску до народот и нивниот начин на живот да биде одбележан со евангелско сиромаштво, без луксуз, затоа што вашиот народ многу страда.