Пребарување

Vatican News
Плоштадот Свети Петар за време на молитвата Ангел Господов на 12 јули 20202 Плоштадот Свети Петар за време на молитвата Ангел Господов на 12 јули 20202  (Vatican Media)

Папата е многу натажен поради базиликата Света Софија во Истанбу

По завршувањето на пладневната молитва Ангел Господов на 12 јули 2020 година, Папата изрази жалење поради базиликата Света Софија во Истанбул, која повторно ќе стане џамија.

Денес, на втората недела од јули се одбележува Неделата на море – рече папата Фрањо после пладневната молитва и додаде: Срдечно ги поздравувам сите оние кои работат на море, посебно оние кои се далеку од своите сакани и своите земји. Ги поздравувам сите кои ова утро присуствуваа на евхаристиско славење во пристаништето Чивитавекија – Тарквинија. Морето помалку ме носи со мислите далеку во Истанбул. Мислам на Света Софија и многу сум натажен – додаде Светиот Отец.

Ве поздравувам сите вас верниците од Рим и поклониците од разни земји, посебно семејствата од Движењето на Фоколарите. Со благодарност ги поздравувам претставниците на Пасторалот за здравство на римската бискупија, мислам на многу свештеници, монаси и монахињи, верници лаици, кои во ова време на пандемија беа блиски со болните. На сите ви посакувам среќна недела и ве молам не заборавајте да се молите за мене – рече папата Фрањо.

Да се потсетиме, Света Софија од византиска катедрала посветена на Божествената мудрост, за време на владеењето на цар Јустинијан, стана џамија, после освојувањето на Цариград во 1453 година и неговото преименување во Истанбул. Во 1934 година е претворена во музеј, а сега со декрет на претседателот Реџеп Таип Ердоган, прифаќајќи го барањето на мали локални групи исламисти, е претворена во џамија. Во говорот упатен до нацијата, турскиот претседател најави дека на 24 јули во Света Софија ќе се одржи првата молитва.

Одговарајќи на критиките претседателот Ердоган ја бранеше таа одлука повикувајќи се на националниот суверенитет и гарантирајќи дека вратата на Света Софија и понатаму ќе биде отворена за сите, муслимани и немуслимани, како што важи и за останатите џамии. Секоја критика е напад врз нашата независност – рече Ердоган.

УНЕСКО, Организација на Обединетите нации за образование, наука и култура изрази посебна жалост за одлуката на Турција – како што истакна – ја менуваат посебната универзална вредност на тоа место, симбол за дијалог.

13 јули 2020, 08:26