Пребарување

Vatican News
Мошите на свети Антониј од Падова Мошите на свети Антониј од Падова 

Папата до фрањевците конвентуалци: Следете го примерот на свети Антониј

Фрањевците конвентуалци оваа година слават 800 годишнина од пристапувањето на свети Антoниј Падовански во редот на фрањевците.

По повод тој јубилеј, папата Фрањо упати писмо до генералниот министер на редот отец Карлос Алберт Троварели во кое меѓу останатото изразува надеж дека таа годишнина посебно во фрањевците и верниците кои го почитуваат свети Антониј Падовански расфрлени низ целиот свет ќе се побуди желбата за истиот свет немир кој тој светец го водел по светот за да сведочи со зборови и дело за Божјата љубов.

Папата во писмото го истакнува примерот кој свети Антониј го дал учествувајќи во тешкотиите на семејствата, на сиромашните и на оние во потреба, како и неговата ревност за вистината и правдата, кои и денес можат да поттикнат на великодушно себедарување во знак на братството. Во тој поглед, мислите на Светиот Отец пред сè се свртени кон младите за тој стар светец толку современ и генијален во своите спознанија и може да биде пример за секој од нив и да вроди со плод.

Редот на малите браќа конвентуалци организира разни иницијативи за прослава на 800 години фрањевско звање на свети Антониј, а Папата со писмото исто така сака да се поврза со сите оние кои ќе учествуваат во тие настани и им посака да можат со свети Антониј да кажат „Го гледам својот Господ!“ односно со него да можат да ги повторат тие зборови кои „светецот на целиот свет“ ги изговорил неколку моменти пред смртта на возраст од 36 години. (…)

Во Падова во меѓувреме се подготвува литургиска прослава на празникот на свети Антониј кој се одбележува на 13 јуни. Во неделата во базиликата кои ги чува посмртните остатоци на тој светец започна 13 дена молитва кои претходат на неговиот празник, а оваа година е посветена на лекарите, медицинските сестри, социјалните и здравствените работници, аптеките, здравствените институции, здруженија, волонтерите, претприемачите, силите на редот и работниците во комуникацијата кои се наоѓаат на чело на борбата против коронавирусот. (…

03 јуни 2020, 16:46