Папата Фрањо: Бог од нас бара да бидеме вистински пророци и градители на единството
Во склад со долгогодишната традиција Светиот Отец ги благослови палиумите, кои ги носат митрополитите и претставуваат символ на единство со Светиот Престол.
Во својата проповед Папата размислуавше за темите „единство и пророштво„, повикувајќи се на животите и искуствата на двајцата апостоли Петар и Павле, кои биле различни по своите карактери, а сепак одржувале заедништво како браќа. Нивната близина не била резултат на нивната природна поврзаност, туку доаѓа од Господовата заповед да се љубиме еден со друг. Тој е кој соединува – рече Папата.
Потоа папата Фрањо истакна дека извор на единството е молитвата и за пример ја даде Црквата која молеше за свети Петар кога бил во затвор. Тогашните верници не се жалеле за прогонствата, туку се собирла не молитва – рече папата Фрањо за време на светата Литургија по повод празникот Свети Петар и Павле.
Денес восклад со убавата традиција на посебен начин се соединуваме со екуменскиот патријарх во Цариград, Петар и Андреј биле браќа, и ние, кога е тоа можно, разменуваме братски посети на нивните празници, не само како љубезност, туку за да одиме заедно кон целта, која Господ ни ја одред, а тоа е полното единство – истакна папата Фрањо.