Пребарување

Vatican News
Трка во 2018 во организација на Ватиканската атлетика Трка во 2018 во организација на Ватиканската атлетика 

Папата Фрањо на младите спортисти: Спортот треба да биде мост на мирот

Папата Фрањо на 20 мај 2020 година на првата аудиенција после неколку месеци, ги прими младите спортисти, извести Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Папата после Генералната аудиенција во својата библиотека ги прими младите спортисти кои требаше да учествуваат на меѓународната средба „We run together – Simul Currebant“. Тој настан во организација на здружението Атлетика Ватикана, требаше да се одржи на 21 мај 2020 година, но  беше откажан поради коронавирусот.

Папата најпрво се обрати на децата, заблагодарувајќи им за она што го прават. „Секој работи нешто за заедницата, за другите. А тоа е радост, зарем не“, ги праша, и додаде дека тие им ја пружаат убавината на спортот на другите.

Папата истакна дека слоганот на средбата укажува на важна работа: „Вие не сте меѓусебно разделени, вие трчате заедно“. Светиот Отец користеше стихови од Светото Евангелие по Иван 20, 3-6, и рече дека на воскресното утро младиот Иван бил побрз од постариот Петар, но го почекал.

Потсети на древно средновековно поклоничко правило според кое треба да се оди во чекор со најслабиот поклоник. „Тоа е убава работа која како човечки род треба да ја научиме“, заклучи Светиот Отец, и додаде: „Да се оди во чекор со оние кои имаат друго темпо, или барем да се свртат кон нив и да го прилагодат својот чекор“.

Папата потоа упати службена порака за неодржаната средба. На почетокот спомна како „олимписките победници по прв пат требало да трчаат со параолимпијците, спортистите со ментални оштетувања, бегалци, преселници и затвореници сите заедно и со еднакво достоинство. Тоа е конкретно сведоштво  кое спортот треба да биде: Мост кој ги обединува жените и мажите со различни религии и култури промовирајќи вклученост, пријателство, солидарност, образование. Односно, мост на мирот.“

„Утре нема да може да се трча со нозете, но ќе може да се трча со срце“, порача Папата.

Во рамки на оваа иницијатива, на 8 јуни 2020 година ќе се одржи аукција на предмети кои ги донирале многу олимписки победници. Целиот приход е наменет за болницата Свети Иван XXIII во Бергамо и Фондацијата Poliambulanza во Бреша.

Папата пораката ја заврши со поттик на спортистите во духот на вистински спортски вредности, заедништво и солидарност да трчаат низ животот, објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

23 мај 2020, 17:01