Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо ходочастеше за прекин на пандемијата Папата Фрањо ходочастеше за прекин на пандемијата  (Vatican Media)

Папата ходочастеше за прекин на пандемијата

Во недела, 15 март 2020 година, попладнето кратко после 16.00 часот папата Фрањо во приватна иницијатива го напушти Ватикан и ја посети базиликата Света Марија Велика (Santa Maria Maggiore), за да се обрати во молитва до Пресвета Богордица, Salus populi Romani, чија икона се чува во таа базилика

После тоа пешачејќи низ Via del Corso, како на ходочастие, Светиот Отец пристигна до црквата San Marcello al Corso, каде се чува чудотворниот крст кој во 1552 година во процесија е носен низ градската населба како би се прекинала „Големата чума“ во Рим.

Римскиот бискуп во својата молитва молеше за крај на пандемијата од која е погодена Италија и светот и за оздравување на болните, се сети на бројните жртви и се молеше за нивните семејства и пријатели да најдат утеха и подршка. Неговата молитва беше упатена и за здравствените работници, лекари, медицински сестри и за сите оние кои во денешно време со својата работа овозможуваат функционирање на општеството. Околу 17.30 часот Светиот Отец се врати во Ватикан.

15 март 2020, 22:46