Папата го прими азербејџанскиот претседател
Папата Фрањо на 22 февруари во аудиенција го прими Илхам Алијев претседателот на Република Азербејџан, со кој разговараше за меѓукултурниот и меѓуверскиот дијалог. Претседателот на Азербејџан потоа се сретна со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите, надбискупот Паул Ричард Галагер.
Како што известува Канцеларијата за печат при Светиот Престол, за време на разговорите во Државниот секретаријат, и двете страни изразиле задоволство од развојот на тековните билатерални односи, осврнувајќи се посебно на соработката на културно поле и благодарност за активностите на Католичката црква во земјата.
Меѓу темите за кои разговарале, напомена Канцеларијата за печат при Светиот Престол, биле прашања од регионален и мешународен карактер со посебен осврт за важноста на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог, во корист на мирен соживот меѓу различните верски и етнички групи.
Ватикан њуз/ к.мк