Пребарување

Vatican News
Последици од војната во Сирија Последици од војната во Сирија  (AFP or licensors)

Папата апелираше за Сирија: Дијалогот и дипломатијата нека ја за

Папата Фрањо упати апел до сите вклучени страни во военит конфликт во Сирија: Послужете се со дипломатските средства, дијалогот и преговорите, за да го заштите животот и судбината на цивилите.

Вчера на литургискиот споменден на света Јозефина Бахита го славевме Светскиот ден н молитвата и размислувањата со цел сузбивање на трговијата со луѓе – рече Светиот Отец по пладневната молитва Ангел Господов, во неделата на 9 февруари и напомена, за лекување на тие рани при што се погодени најслабите, потребна е ангажираност на сите институции и здруженија, посебно на образовно – воспитните. Што се однесува до превенцијата, би сакал да истакнам дека различни истражувања покажуваат дека криминалните организации сè повеќе ги користат модерните средства за комуникација за привлечат жртвите со измама да ги. Затоа е потребно, од една страна да се воспитува за здраво користење на технолошките средства, а од друга страна да се следат и да се повикуваат на одговорност снабдувачите на тие телекомуникациски услуги.

Тажни вести и понатаму доаѓаат од северозападна Сирија, посебно за ситуацијата на многу жени и деца и луѓе кои заради воените конфликти се принудени да бегаат – рече папата Фрањо и истакна: Повторно апелирам до меѓународната заедница и до сите вклучени страни да се послужат со дипломатските средства, дијалогот и преговорите, со почитувањето на меѓународното хуманитарно право за да го заштитат животот и судбината на цивилите. На крајот Папата ги поздрави сите присутни верици и ходочасници.

10 февруари 2020, 10:51