Пребарување

Карло Акутис и Рутилио Гранде Карло Акутис и Рутилио Гранде 

Црквата наскоро ќе добие нови примери за блажен живот

Блажени ќе бидат прогласени двајца верници лаици кои заедно со свештеникот исусовец Рутилио Гранде Гарсија, се убиени од омраза кон верата, во 1977 година во Салвадор. Блажен ќе биде прогласен и младиот верник лаик Карло Акутис.

Папата Фрањо на Конгрегацијата за прогласување на светци примајќи го нејзиниот префект кардиналот Анџело Бекиу ја овласти да донесе уредби со кои се овозможува ново прогласување на блажени и светци. Блажени ќе бидат прогласени двајца верници лаици кои заедно со свештеникот исусовец Рутилио Гранде Гарсија, се убиени од омраза кон верата во 1977 година во Салвадор. Блажен ќе биде прогласен и младиот верник лаик Карло Акутис.

Светци ќе бидат прогласени верникот лаик Давасахајам кој во Индија во 1752 година е убиен од омраза кон верата и монахињата блажена Марија Франческа ди Џезу основачка на Капуцинските треторедци од Лоан, родена во 1844 година во Кармагноли во Италија, умира во 1904 година во Монтевидео во Уругвај.

Со признавање на херојските крепости чесни слуги Божји ќе станат: дијацезантскиот свештеник Емилио Вентурини основач на Конгрегацијата на сестрите служителки на тажната Пресвета Богородица кој е роден во Чиога во 1842 година, а умира во 1905 година; дијацезантскиот свештеник Пиро Скавици од Губи роден 1884 година, а умира во 1964 година; Емилио Речија свештеник на Конгрегацијата стигмите на нашиот Господ Исус Христос кој е роден во 1888 година во Верона, а умира 1969 година; и лаикот Марио Хиријарт Пулидо кој е роден во 1931 година во Сантијаго Чиле, а умира во 1964 година.

24 февруари 2020, 11:32