Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо на Генерална аудиенција во среда Папата Фрањо на Генерална аудиенција во среда  (Vatican Media)

Генерална аудиенција: Да ги спасиме бродоломците од ладноста на рамнодушноста

Кога верникот ќе го доживее искуството на спасение, не го задржува само за себе, туку го шири понатаму – е една од мислите во катехезата на папата Фрањо за време на Генералната аудиенција на 9 јануари 2020 година на која зборуваше за бродоломот на свети Павле кај Малта, пример како да се живее искушението, надевајќи се на Христос

Тешкотиите, верата, искусеното добро кое го прави срцето отворено и чувствително за солидарност кон другите – со тие зборови папата Фрањо во катехезата на Генералната аудиенција одржана во салата Павле Шести, го истакна значењето на бродоломот на свети Павле кај Малта, слично на бројните денешни бродоломи.

Да го молиме денес Господ да ни помогне секое искушение да го живееме потмогнати со силната вера и да бидеме чувствителни на бројните бродолмци, кои исцрпени стигнуваат на нашите брегови, како би знаеле да ги прифатиме со братска љубов која произлегува од средбата со Исус. Тоа спасува од ладноста на рамнодушноста и нечовечноста – напомена Папата.

Опасна пловидба

Патувањето на Павле од Кесарија во Рим е тема на денешната Папска катехеза во чиј што центар повторно беа Делата на светите апостоли кои треба да се прочитаат затоа што така ќе видете како евангелието, со силата на Светиот Дух, доаѓа до сите народи, станува универзално. Земете, прочитајте – поттикна Папата.

Пловидбата е опасна затоа што започнува бурата, но Павле ги смирува своите сопатници. Ноќеска ми се јави ангел од Бога, Чиј сум и Кому Му служам – објасни Папата, секој има свој бог, зарем не? – и ми рече: Не бој се, Павле, ти треба да излезеш пред ќесарот; и ете, Господ ти ги подари сите, што пловат со тебе.“ (Дела 27, 23-24). И во искушението Павле не престанува да биде чувар на животите на другите и оној кој ја оживува надежта – додаде Папата.

Од несреќа до можност

Од несреќа бродломот се претвора во провидоносна можност – додаде Светиот Отец. Застанувањето во Малта означува промена. Малтежаните се добри, со добар карактер, гостољубиви. Уште од тоа време – додаде Папата. На бродоломците им даваат малку топлина и утеха, заедно со Павле кој, како вистински Христов ученик, се става во служба на другите, собирајќи гранки како би запалил оган, но ненадејно го каснува змија.

Сите очекувале веднаш да падне мртов, меѓутоа ништо необично не му се случило, па дури наместо злосторник, започнале да го сметаат за божество. Таа благодат всушност дојдела од воскреснатиот Господ, кој му дојде напомош, согласно ветувањето дадено на верниците пред да се вознесе на небо; ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат (Марко 16, 18). Легендата вели дека од тој момент повеќе нема змии во Малта; тоа е Божји благослов за гостољубивост кон тој толку добар народ.

Да се даде телото

Од тој момент престојот во Малта за Павле станува милостива можност да го направи „дофатливо“ словото кое го навестува и така да ја извршува службата на милостивост, лекувајќи болни. Тоа е законот на Евангелието; кога некој верник ќе го доживее искуството на спасение, не го задржува повеќе за себе, туку го шири понатаму. Доброто секогаш копнее да се предаде на другите – напомена Папата. Секое искуство на вистината и убавината по својата природа копнее да се шири, а секоја личност која го искусила длабоко, ослободува добива поголема чувствителност за потребата на другите – рече Папата, потсетувајќи на Апостолскиот поттик 'Evangelii gaudium'. ‘Искалениот’ христијанин потполно може да биде поблизок до оној кој страда и да го направи своето срце отворено и чувствително за солидарност со другите. Бог може да делува во секоја ситуација, па и во привидните неуспеси, затоа што оној кој се жртвува и се дарува на Бог од љубов, сигурно ќе биде плоден – додаде Папата.

 

09 јануари 2020, 17:34