Пребарување

Раселени лица во Буркино Фасо кои чекаат помош Раселени лица во Буркино Фасо кои чекаат помош 

Папата упати апел за Буркина Фасо

После катехезата на Генералната аудиенција на 13 ноември 2019 година папата Фрањо упати силен апел за Буркино Фасо, кој од минатата недела повторно е зафатен од насилство.

Посебни мисли упатувам на саканиот Буркино Фасо, кој од неодамна повторно го мачи насилство и каде неодамна во атентат животот го загубија стотина лица – рече Папата. Станува збор за минатонеделниот напад на конвојот автобуси со рудари. Папата затоа посебно посака да ја спомне таа африканска замја, една од најсиромашните во светот, во која започнаа да се вовлекуваат исламистички екстремни групи.

Доверувајќи ги на Господ жртвите, ранетите, прогонетите и сите ко страдаат заради таа трагедија, Папата упати силен поттик како охрабрување за дијалог. Упатувам апел да не изостане заштитата на најранливите; и ги поттикнувам граѓанските и верските власти, како и сите кои се вдахновени со добра волја, да ги зголемат напорите, во духот на Документот за човечко братство од Абу Даби, како би се промовирал меѓурелигискиот дијалог и слога – рече папата Фрањо.

14 ноември 2019, 12:55