Пребарување

Vatican News
Папата служеше Литургија за покојните кардинали и епископи Папата служеше Литургија за покојните кардинали и епископи   (Vatican Media)

Папата Фрањо: Воскресението е смисла и цел на животот

Во проповедта на светата Литургија за кардиналите и епископите кои починаа во оваа година, Папата истакна три размислувања за воскресението на кое е повикан секој христијанин – рече Папата. Да дозволиме барем еден од тие поттици да нѐ предизвика; да се усогласиме со желбата на Исус, воскреснатиот и живиот, како од денешницата би направиле зора на воскресението. Во 2019 година починаа 13 кардинали и 147 епископи.

Да се оди со Исус е излегување од себе, да се има чувства и гестови на милосрдие, да се донесуваат важни одлуки за Бог – се советите кои папата Фрањо ги даде во проповеда размислувајќи за воскресението, причина поради која сме дојдени на светот, како што на тоа нѐ потсетуваат литургиските читања кои се наменети за светата Литургија, која во базиликата свети Петар Папата ја служеше во понеделник 4 ноември 2019 година, за кардиналите и епископите кои починаа во изминатата година.

Да се оди кон Исус

Осврнувајќи се на делот д Евангелието според Иван во кое се вели: „Кој доаѓа при Мене, нема да го испадам надвор“, Папата понуди низа прашања за разбирање за правецот на сопствениот од. Дали живеам одејќи кон Господ или се вратам околу себе? Кој е правецот на моето одење? Настојувам ли само да оставам добар впечаток, да ја зачувам својата улога, своето време и простор, или одам кон Господ? Исусовите зборови се многу впечатливи: „Кој доаѓа при Мене, нема да го испадам надвор“ – повтори Папата и објасни: Како за христијанинот кој не оди кон Него да е предвидено да остане надвор. За оној кој верува нема друг пат, не може да се биде Исусов и да се врти околу себе. Кој е Исусов живее излегувајќи кон Него.

Целиот живот е излегување – а потоа Папата напомена: Од мајчиното крило, преку разни периоди од животот, до излегувањето во овој свет, но и најважниот и најтешкиот – според зборовите на Папата - е излегувањето од нас самите. Денес додека молиме за нашите браќа кардинали и епископи кои излегоа од овој живот како би оделе во пресрет со Воскреснатиот, не можеме да заборавиме за најважното и најтешкото излегување, кое дава смисла на сите други, она од нас самите. Само излегувајќи од себе ја отвораме вратата која води до Господ. Да го молиме за таа милост – рече Папата.

Чувство на милосрдие

По примерот на литугиските читања кои зборуваат за Јуда Макавеецот кој за починатите правел убави и благородни дела, и во согласност на зборовите на свети апостол Павле дека „љубовта никогаш не престанува“, папата Фрањо предложи втор пат за размислување. И тој е изграден врз животните прашања, затоа што тоа се прашања за воскресението, а не за лажна добрина или површно милосрдие.

Сочувството кон другите шороко ја отвора вратата кон вечноста. Наведнати над потребите како би им служиле значи да се влезе во претсобјето на рајот. Имено, како то потсетува апостол Павле „љубовта никогаш не престанува“ (сп. Коринтјаните 13,8), токму таа е мост кој ја поврзува земјата со Небото. Можеме затоа да се прашаме дали одиме кон тој мост; дали ме погодува некоја состојба на некој кој е во потреба: Дали знаам да плачам заради некој кој страда? Дали молам за оние на кои никој не мисли? Дали помагам на некој кој не може да ми врати? Тоа не е лажна добрина, не е површно милосрдие, тоа се животни прашања, прашања за воскресението.

Да се замислиме пред Бог

Третиот поттик во поглед на воскресението папата Фрањо го зема од учењето на свети Игантиј Лојолски, поточно од Духовните вежби, во кој основачот на Дружбата Исусова, советува како да се донесе “добра упатена“ одлука, односно да биде блиску до воскресението. Свети Игнациј советува пред однесувањето на некоја важна одлука, да се замислиме пред Бог на крјаот од нашите денови. Тој повик да се покажеме не мкоже да се одложи, тој е цел на сите, на сите нас. Затоа секој долука во животот, со која се соочуваме во та аперспектива, е добро упатен, затоа што е блиску до воскресението, кое е смисла и цел на животот – истакна папата Фрањо. 

Тоа може да биде корисна работа, како реалноста би ја виделе со Господовите очи – напомена Папата и поттикна: Да дозволиме барем еден од тие три поттици да нѐ предизвикаат. Ќе бидеме повеќе во согласност со Исусовата желба од денешното Евангелие: Да не изгуби никој од оние кои му ги даде Отецот. Меѓу бројните гласови во светот кои даваат да се изгуби смислата на животот, да се усогласиме со Исусовата желба, воскреснатиот и живиот; така од денешницата во која живееме ќе направиме зора на воскресението – рече папата Фрањо.

05 ноември 2019, 16:10