Пребарување

Папата Фрањо во ФАО Папата Фрањо во ФАО 

Во Ватикан се одржува Конференција за намалување на фрлање храна

Папската академија за наука покани стручњаци од целиот свет за да размислуваат за решенија против расипувањето на храната и искористувањето на плодната земја. Во својата порака која ја објави на Твитер, Папата упати порака до учесниците на конференцијата.

Да се намалат количините на храна кои се губат во процесите на производство, преработка и дистрибуција, како што тоа го бараат целите на одржливиот развој кои ги одредија Обединетите нации и на второ место да се надмине културата на отпад за која папата Фрањо пишуваше во енцикликата „Laudato si'“, во која од нас се бараат конкретни промени на општо ниво, се темите на Конференцијата за намалување на расипувањето на храна која ќе се одржи во Ватикан на 11 и 12 ноември, а во организација на Папската академија за наука. Со тој настан Светиот Престол има намера да истакне дека расипувањето и загубата на храната не се само морални прашања, туку и штетни појави за планетата заради гасовите, расипувањето на водата и земјата кои се користат за производството на храна, а кое што пред сѐ се одразува на најсиромашното население чија работа се расфрла и се загрозуваат средствата за живот.

Една од целите на Папската академија за наука е да се промовира напредок на научните решенија, да се дојде до различни заедници со ширењето на потребниот сојуз за соочувањето со загубата и расипувањето на храната, и да се дадат препораки за ширењето на општата прехранбена сигурност. Папата Фрањо секогаш покажувал посебна чувствителност кон тој предизвик и во својата порака која ја објави на Твитер се осврна на таа тема напоменувајќи: Ние кој го молиме Господ за лебот насушен мора да ја запреме културата на отпад. Расипувањето на храната го подржува гладот и климатските промени.

Значајно е и обраќањето на Светиот Отец на 18 мај до членовите на Европската федерација на банките за храна во кое рече: Борбата против страшните рани на гладот значи да се бориш против отпадот. Расипувањето покажува неинтересирање за работите и рамнодушност кон оние на кои им недостасува храна. Расипувањето е најлошиот израз на отпад. Исус откако ги разделил лебовите на мноштвото, барал да се собере сето она што останало, за ништо да не биде загубено. Потребно е да собираме за да поделиме и да не произведуваме за да расипуваме. Да се расипува храна значи да се отфрлуваат луѓето. Денес е соблазниво да не се биде свесен колку храната е скапоцено добро и како многу од тоа добро лошо завршува – истакна Папата.

12 ноември 2019, 12:50