Пребарување

Vatican News
Продаден моторот на Папата Харли Дејвидсон  - средствата ќе бидат наменети за дом за сираци во Уганда Продаден моторот на Папата Харли Дејвидсон - средствата ќе бидат наменети за дом за сираци во Уганда 

Приходот од продадениот мотор на Папата оди за децата сираци во Уганда

Белиот Харли Дејвидсон на Папата на аукција во англискиот град Стафор е продаден за 56.000 евра, а средствата ќе бидат наменети за дом за сираци во Уганда

Веста ја објави аукциската куќа Бонхамс на својата интернетска страница. Посебно модифицираниот мотор кој во Рим го благослови и потпиша папата Фрањо го нарачаа „Исусовите мотористи“ (Jesus-Biker), клуб на христијански моторџии од германскот град Хетштад. Националниот директор на Папските мисиски дела во Австрија, о. Карл Валнер и претставници на клубот на папата Фрањо му го подарија белиот Харли Дејвидсон за време на една Генерална аудиенција во мај. Приходот од продажбата на моторот е наменет за дом за сираци во Уганда, проект кој е поддржуван од Папските мисиски дела на Австрија.

Фабриката Харли Дејвидсон на Папата му подари посебен примерок на Харли во јуни 2013 година, на кој на резервоарот е изгравирано името „Francisco“,кој на аукција во Париз е продаден за 241.500 евра. Приходот е подарен на Домот за бездомници на Каритас, кој се наоѓа на главната римска железничка станица.

23 октомври 2019, 09:27