Пребарување

Vatican News
Генерална аудиенција во среда Генерална аудиенција во среда  (Vatican Media)

Папата: Потребно е да се евангелизира и да се овозможува средба со Бог

Потребно е да се надминат партикуларизмите, да се отвориме за универзалноста на спасението, да се надминат отпорите и да се довериме на Божјите планови и на Неговата создателска моќ за да одиме по нови патишта – рече папата Фрањо во катехезата која ја одржа за време на Генералната аудиенција на 16 Октомври 2019 година на плоштадот Свети Петар.

Продолжувајќи со размислувањето за патувањет на Евангелието низ светот, како што тоа го прикажува свети Лука во Делата на светите Апостоли, Папата се осврна на ликот на свети Петар и потсети дека навестувачот на Евангелието не може да биде пречка за творештвото Божјо туку оној кој овозможува средба со Господ.

Бог е Тој Кој поттикнува да ги надминеме сите партикуларизми за потполно да живееме како браќа – рече Светиот Отец и истакна: Целта е да се надминат партикуларизмите и да се отвориме за универзалноста на спасението, затоа што Бог сите сака да ги спаси. Оние кои се повторно родени од вода и Дух односно крстените се повикани да излезат од себе, да се отворат за другите, да живеат блиску до другите, да живеат на начин на заеднички живот, што го преобразува секој однос меѓу луѓето во искуството на братството. Папата потоа зборуваше за тоа како Бог го предизвикува свети Петар односно за настанот кој бил пресудната пресвртница во неговиот живот и со кој започнува промена на менталитетот.

Додека молел свети Петар имал видение – рече Папата и потсети: После тоа одбил да го јаде она што било ставено пред него и што слегнало од небото затоа што како добар Евреин се сметал за нечист. Бог го повикува да не се смета за нечист од она што било прочистено. Со тој чин Господ сака да му каже на Петар дека повеќе да не ги вреднува настаните и луѓето како чисти и нечисти, туку да научи да оди понатаму од тоа, за да гледа на човекот и наканите на неговото срце. Имено, она што човекот го прави нечист не доаѓа однадвор, туку одвнатре, односно од срцето. Исус тоа јасно го рекол.

При посетата на Корнилиј кој бил необрезан стотник и странец, но давал многу милостина и секогаш му се молел на Бог, Петар направил скандал; го проповедал Христос распнатиот и воскреснат, простување на гревовите на оние кои веруваат во Него и ги кристил сите во Исусовото име – рече Светиот Отец и напомена: Прв пат таков извореден чин се случува во Ерусалим, браќата се соблазниле и заради таквото однесување на Петар остро го укорувале. Направил нешто што не било вообичаено и што било надвор од законот. Заради тоа го укорувале. Меѓутоа по средбата со Корнилиј, Петар бил слободен од себе и повеќе во заедништво со Бог и со другите затоа што ја видел Божјата волја во делувањето на Светиот Дух.

Сцените кои Папата ги толкуваше нѐ поттикнуваат да се запрашаме дали сме пречка за средба со Бог или пречка на своите браќа на патот кон Отецот. Навестителот на Евангелието не може да биде пречка на создателското дело на Бог кој сака сите луѓе да се спасат, туку оној кој овозможува средба на срцата со Господ – рече папата Фрањо и додаде: Да се молиме за милоста за да дозволиме да нѐ восхитат Божјите изненадувања и да не ја попречуваме Неговата создателска моќ, туку да ги препознаеме и да ги овозможиме секогаш новите патишта преку кои Воскреснатиот го дава својот Дух во светот и ги привлекува срцата, дозволувајќи сите да го запознаеме како свој Господ.

По катехезата, Папата посебно ги поздрави поклониците од Полска, присетувајќи се на денешната годишнина на изборот на светиот папа Иван Павле II. Неговиот апел да ги отвориме своите срца за Христос секогаш е актуелен. Преку неговото застапништво да го молиме Господ за изобилни дарови на Светиот Дух за сите вас, за вашите семејства, заедници и за целата Црква – заврши Светиот Отец.

17 октомври 2019, 08:29