Cerca

Vatican News
Состанок на Кардиналскиот совет Состанок на Кардиналскиот совет  (© Vatican Media)

Заврши состанокот на Кардиналскиот совет

Заврши состанокот на Кардиналскиот совет коj се одржа од вторник,1. до четврток, 19 Септември, соопшти Kанцеларијата за печат на Светитот Престол.

На состанокот присуствуваа кардиналите: Пиетро Паролин, Оскар Андрес Родригез Марадијага, СДБ, Реинхард Маркс, Сеан Патрик О`Малеј, ОФМ Кап, Џузепе Бертело и Освалд Грасијас. Покрај нив присуствуваа и секретарот на Кардиналскиот совет, монс. Марчело Семераро и помошник секретарот надбискупот Марко Мелино.

Светиот Отец учествуваше во работата на Кардиналскиот совет во согласност со неговите обврски. Работните состаноци се одржуваа наутро од 9.00 до 12.30 часот и попладне од 16.30 до 19.00 часот и завршија на 19 Септември 2019 во 12.00 часот.

Како што беше предвидено, во фокусот на работата на овој состанок беше повторно читање и измена на нацртот на новата Апостолска конституција заснована врз големиот  број прилози од  епископските конференции, прецизните забелешки од дикастериите на Римската курија и сугестиите кои ги дадоа одредени тела.

Следниот состанок на Кардиналскиот совет ќе се одржи од 2 до 4 Декември 2019 година.

20 септември 2019, 17:39