Cerca

Vatican News
Папата и претседателот „ad interim“ на Маврициус, Барлен Вјапури Папата и претседателот „ad interim“ на Маврициус, Барлен Вјапури  (ANSA)

Маврициус: Папата ги поттикна властите да ја покажат вредноста за служење на општото добро

Папата Фрањо се обрати пред властите, претставниците на граѓанското општество и дипломатскиот кор на островската нација во претседателската палата во главниот град на Маврициус. По состанокот, Светиот Отец се упати кон аеродромот од каде отпатува за Антананариво.

Пред прошталната церемонија, на завршувањето на апостолската посета во Маврициус, папата Фрањо се состана со мавритските власти, претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор во Претседателската палата во Порт Луис. Во обраќањето пред нив, Светиот Отец изрази задоволство што во својата кратка посета на нивната земја успеа да се сретне со луѓе кои – како што рече – беа обележани со разновидност на културно, етничко и верско ниво, но и од убавината што доаѓаше од нивната способност на  препознавање, почитување и усогласување на разликите со цел на заедничкиот проект.

ДНК на вашиот народ го зачувува споменот на оние миграциски текови што ги доведоа вашите предци на овој остров и кои исто така ги водеа кон отворање на разлики за да ги интегрираат и промовираат во форма на општо добро – рече Папата и ги охрабри присутните во верноста на своите корени, да го прифатат предизвикот на прифаќање и заштитита на мигрантите кои доаѓаат во потрага за работа и подобри услови за живеење. Поздравете ги како што ваши предци се поздравувале меѓусебе, протагонисти и бранители на вистинска култура на средби, овозможувајќи им на мигрантите и на сите други, да бидат препознаени нивните права и нивното достоинство.

Светиот Отец изрази надеж дека демократскиот начин на живот ќе продолжи да се негува и развива во Маврициус, особено во однос на борбата против сите форми на дискриминација, и им порача на присутните политичари дека имаат можност да бидат пример за оние кои сметаат на нив, особено на младите. Со вашето однесување и подготвеност да се борите против сите форми на корупција, можете да ја покажете вредноста за служење на општото добро и секогаш да бидете достојни за довербата на вашите сонародници – рече папата Фрањо.

Вашата земја доживеа силен економски развој уште од осамостојувањето, на што несомнено треба да се радуваме, истовремено внимавајќи – рече Папата – предупредувајќи дека економскиот раст не секогаш им носи полза на сите и дека одреден број на луѓе, особено младите, остануваат запоставени. Затоа, ги повика властите во Маврициус да развијат економска политика која ќе биде насочена кон личности, која се залага за подобро споделување на приходите, создавање работни места и целосна промоција на најсиромашните, и да не паднат на искушението од идолотрискиот економски модел што жртвува животи на олтарот на шпекулациите и едноставната профитабилност и кој ја зема во предвид само моменталната корист, на штета на заштитата на најсиромашните, животната средина и природните ресурси.

На крајот, папата Фрањо истакна дека го цени начинот на кој различните религии во Маврициус заедно придонесуваат за социјалниот мир и ја потврди подготвеноста на локалната католичка заедница да се вклучи во плоден дијалог што силно ја карактеризира историјата на мавритскиот народ. Од срце, сакам Бог да го благослови вашиот народ и сите ваши напори на промовирањето на средби на различни култури, општества и верски традиции во промовирање на праведно општество кое не ги заборава своите деца, особено оние на кои им е најпотребна. Нека Неговата љубов и милост продолжат да ве следат и да ве штитат – рече на крајот папата Фрањо.

09 септември 2019, 16:11