Cerca

Vatican News
Радост по размената на руските и украинските војници Радост по размената на руските и украинските војници 

Папата се радува за размената на руските и украинските затворени

На 15 Септември 2019 година по молитвата Ангел Господов Папата изрази радост за долго очекуваната размена на руски и украински затвореници

Минатата седмица се оствари долго очекуваната размена на затвореници помеѓу Руската Федерација и Украина - рече папата Фрањо после молитвата Ангел Господов и истакна: Се радувам за луѓето кои се ослободени и кои ќе можат да ги прегрнат своите сакани, и понатаму ќе молам за брзо завршување на судирите и за траен мир на истокот од Украина.

Вчера во Форлио блажена прогласена е за Бенедета Бјанчи Поро, која умре 1964 година со само 28 години – рече Папата и напомена: Целиот нејзин живот е одбележан со болеста, а Господ и даде милост да ја носи, секако и да ја претвори во сјајно сведоштво на верата и љубовта.

Денес пак во Лимбург, Германија, за блажен е прогласен отец Рихард Хенкес, свештеник палотинец, кој во 1945 година во Дахау е убиен од омраза кон верата. Нека примерот на тие двајца храбри Христови ученици го помогнат нашиот пат кон светост. На крајот Светиот Отец ги поздрави приустните верници и се препорача во нивните молитви

15 септември 2019, 21:44