Cerca

Vatican News
Папата Фрањо со епископите на Источно католичките Цркви; Ватикан14 септември 2019 година Папата Фрањо со епископите на Источно католичките Цркви; Ватикан14 септември 2019 година 

Папата Фрањо до источните епископи: Љубовта ги намалува поделбитe

На светот му се потребни „творци на дијалогот“, благи сеачи на Евангелието на љубовта, сведоштво проживеано во љубовта која ги намалува поделбите. Со тие зборови папата Фрањо ги истакна патиштата по кој треба да се оди за да се изгради цивилизација на средба, зборувајќи им на епископите на Источно католичките Цркви од Европа кои ги прими во аудиенција на 14 септември 2019 година.

Средбата на папата Фрањо со источните католички епископи од Европа го одразува богатството на обредите во Католичката Црква кое не е ограничено само на латинската традиција. На средбата пристсуствуаше и Н.В.П. монс. д- р Киро Стојанов, Струмичко – скопски епарх, како и претставници од повеќе Цркви со византиска традиција; многу беа дојдени од – како што Папата ја нарекува, „драгата Украина“. Но беа присутни и епископи од Блискиот Исток, од Индија и другите краишта кои наидоа на гостољубивост во европските земји. Сето тоа е знак на разнобојната Црква, мозаик и жива икона на разнордно сведоштво.

Верност и сведоштво

Таа разноликост – истакна Папата, е посебно богатство. Имено, христијанското единство не знае едноличност, а христијанската вера не е како инструмент со една жица, туку е симфониска. Во таа симфонија одекнува и сведоштвото на верноста на заедништо со рисмкиот епископ која во историјата повеќе пати била прикажана, понекогаш и до пролевање на крв – рече Светиот Отец и истакна: Католичкото заедништво е дел од вашиот посебен идентитет, но ништо не му одзема, уште повеќе придонесувава за негово целосно остварување, на пример штетејќи го од искушението за затворање во себе и паѓање во национални стремежи за самостојност или етничко исклучување. Токму тоа, според зборовите на Папата, во нашата цивилизација е опасноста во ова време: партикуларизми кои стануваат популизми и сакаат да наредуваат и сѐ да направат еднолично.

Екуменско послание

Источните Цркви во Европа се чувари на посебното послание на екуменскиот пат – напомена Папата. Значењето на тоа екуменско послание кое во центарот на средбата на источните католички епископи која во четвртокот на 12 септември започна во Рим се покажува во светот и во времето во кое не недостасуваат критики и поделби.

Денес додека премногу нееднаквост и поделби го загрозуваат мирот, се чувствуваме повикани да бидеме творци на дијалогот, промотори на помирувањето, трпеливи градители на цивилизацијата на средба кои ќе го зачуваат нашето време од нецивилизирани конфликти. Додека многумина дозволуваат да се вовлечени во спиралата на насилството, во затворениот круг на барањата и постојаното взаемно обвинување, Господ сака да бидеме благи сеачи на Евангелието на љубовта – истакна Папата.

Патот на молитвата, понизноста и љубовта

Бидете во христијанското семејство оние кои се ангажираат во лекувањето на раните од минатото, во надминувањето на предрасудите и поделбите, во пружењето надеж на сите, одејќи рамо до рамо со некатоличките браќа и сестри – поттикна папата Фрањо и спомна некои заендички средби како молитвата за мир за Светата Земја, одржана во Ватиканските градини; потоа се присети и на средбата со бегалците во Лезбос, и дијалогот за мир на Блискиот Исток, одржан во Бари. Додаде како чувствува дека патот на кој сме упатени од висините го прават молитвата, понизноста и љубовта.

Првенство на љубовта

Папата Фрањо потоа поттикна на живот во љубов кон сите луѓе. Таа секогаш има предност и никогаш не престанува – рече потсетувајќи на зборовите на свети Павле (Коринтјани 13). Кога заедно ќе се наведнеме до братот кој страда, кога заедно стануваме блиски до оние кои стрдаат заради осаменост и сиромаштво, кога ќе го ставиме во центарот оној кој е маргинализиран, како децата кои не ја гледаат светлината, младите лишени од надежта, семејствата во искушението за разделување, болните или отфрлените стари лица, веќе одиме заедно во љубовта која ги намалува поделбите.

Така – според зборовите на Папата - се подготвуваме за заедничкото вселување во Небото, на кое сме повикани. Таму Господ нема да нѐ праша кои сме и колку територии останале во нашата надлежност, ниту како сме придонеле за развојот на своите национални идентитети. Љубејќи – додаде - се пронаоѓа радоста и се шири надежта. Ако љубиме, во втор план преминува реалностите на кои сѐ уште сме приврзани – овде се исто така и парите кои се отров; ѓаволот влегува преку џебовите, не го заборавајте тоа – а во прв план доаѓаат оние кои остануваат засекогаш: Бог и ближните – истакна на крајот папата Фрањо.

15 септември 2019, 20:47