Cerca

Vatican News
Папата Фрањо во посета на здравствениот центар на периферијата од Мапуто Папата Фрањо во посета на здравствениот центар на периферијата од Мапуто  (Vatican Media)

Мозамбик: Папата го посети здравствениот центар Зимпето

Третиот ден од Апостолската посета на Мозамбик папата Фрањо го започна со посета на пациентите и вработените во Здрвствениот центар во Зимпето, населба на периферијата на Мапуто, во кој се реализиара проектот „DREAM“, на Заедницата свети Егидиј, каде се лекуваат илјадници жени и заразени од ХИВ.

Потсетувајќи на параболата од Евангелието за Милосрдниот Самарјанец, Папата рече дека сите кои се лекувале во оваа установа, како и сите оние кои доаѓаат во неа во очај и со проблеми, наликуваат на човекот оставен на патот. Меѓутоа, додаде дека спомнатиот Центар покажува дека има такви кои запреа и покажаа сочуство, кои не подлегнаа на искушението да кажат дека ова не е за нив.

Светиот Отец исто така ги пофали бројните здравствени стручњаци кои во тој здравствен центар со години доаѓаат без надомест за да го обучуваат локалното население, истакнувајќи дека нивното ангажирање во себе содржи посебна голема човечка и евангелска вредност. Тој го истакна податокот дека таа установа, со заболените од ХИВ/СИДА им помага и на луѓето со малигни заболувања, како и на оние кои боледуваат од туберколоза, како и на стотици неухранети лица, посебно деца и млади.

Папата исто така истакна дека верничката грижа не може да се ограничи само на еден облик помош, туку бара внимание и љубов, која другиот го почитува како личност и го бара доброто во него. Медицинскиот персонал во Центарот Зимпето, сфатија дека медицинското лекување, иако потребно, сепак не е доволно, и се посветија на враќање на достоинството на тие жени и деца, помагајќи им во планирањето на подобра иднина.

На крајот Светиот Отец напомена дека многу лица кои поради достоинственото лекување носат насмевка на лицето, како и сто илјади излекувани жени, дел од наградата која Господ им ја оставил е да ја пренесуваат надежта на оние кои уште лежат на патот и им треба некој кој ќе ги подигне.

07 септември 2019, 08:05