Cerca

Vatican News
Кардинал Насрала Бутрос Сфеир Кардинал Насрала Бутрос Сфеир  (AFP or licensors)

Папата испрати телеграма со сочувство за смртта на кардинал Насрала Бутрос Сфеир

Бил решителен работник за единството, мирот и помирувањето.

Ревносен бранител на суверенитетот и независноста на својата земја, значајна фигура во историјата на Либан – напиша папата Фрањо во телеграмата со сочувство изразувајќи сочувство заради смртта на кардинал Насрала Бутрос Сфеир кој умре на 12 мај на 99 години. Кардиналот како патријарх во Антиохија со многу нежност и посветеност ја управувал Црквата со маронитски обред – истакна Папата.

Слободен и храбар човек кардинал Сфеир го остварил своето послание во тежок контекст – пишува Светиот Отец во телеграмата со сочувство која ја испрати до кардинал Бешара Бутрос Раи, патријарх на маронитите во Либан и напоменува: „Бил решителен работник за единството, мирот и помирувањето. Го молам милосрдниот Отец тој милосрден и ангажиран пастир кој знаел Божјата љубов да ја искажува на народот кој му бил доверен да го прими во своето престојувалиште на мирот и светлината.

Погребот ќе се одржи на 16 мај и на тој ден училиштата ќе бидат затворени.

15 мај 2019, 08:43