Пребарување

Vatican News

Папата ги изми нозете на затворениците за време на светата Миса Вечера Господова

На Велики четврток 18 април 2019 година, папата Фрањо служеше Света Литургија Вечера Господова во Окружниот затвор во Велетри во Рим и во таа прилика им ги изми нозете на дванаесет затвореници.

Папата домот Света Марта во кој престојува го напушти околу 15.30 часот. По пристигнувањето во затворот околу 16.30 часот Папата го пречека директорката на затворот Мариjа Доната Јанатуано, заменик директорката Пија Палмери, командантот на припадниците на полицијата на служба во затворот Мариј Луиза Абосида и затворскиот капелан дон Франко Дијаманте.
Светиот Отец потоа поздрави неколку претставници од цивилниот персонал, полицијата и затворениците, а потоа во театарската сала на затворот ја предводеше светата Литургија in coena Domini со обредот миење на нозе со кој започнува Пасхалната тродневница.
По навестувестеното Евангелие, Папата одржа хомилија. За таа пригода Папата немаше подготвен текст, туку на затворениците им се обрати со спонтани зборови. Тој им се заблагодари за топлиот пречек и рече дека од нив неколкумина примил „убаво писмо“. Потоа изнесе кратко размислување за Исусовиот гест на миењето на нозете на учениците кој свештениците во целиот свет го повторуваат на Велики четврток. Рече дека Исус извршува дело на служење кое обично го правеле робовите. „Он, Господ кој во себе ја содржел целата моќ, додаде Папата им рече на своите ученици да го прават истото едни на други во службата. „Бидете браќа во службата: не со желба за почести, рече Папата. Секој од нас рече, мора да биде во служба на својот ближен.
Во текот на обредот на миење на нозете, им ги изми нозете на дванаесетмина затвореници од четири земји: деветмина Италијанци, еден од Бразил, еден затвореник од Брегот на Слоновата Коска и еден од Мароко. Откако им ги изми нозете на затворениците Папата им ги бакна нозете.
По завршувањето на славењето после поздравот на директорката на затворот, Светиот Отец се врати во Ватикан.
 

19 април 2019, 09:02