Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта Папата Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта  (ANSA)

Папа Фрањо: Да се одбие Господовата бесплатност е грев на сите нас

Господ нè повикува на слава која е средба со Него, но поради нашето одбивање ги повикува сиромашните и хромите од плоштадите како би уживале во вечерата која ја подготвил – рече папата Фрањо во вторник 5 ноември 2019 година во проповедта за време на литургијата во домот Света Марта.

Осврнувајќи се на евангелието на светата Литургија нè поттикна да се запрашаме: Што сакаме повеќе? Да го прифатиме Господовиот повик или да се затвориме во своите ситни работи?

Да се одбие Господовата бесплатност е грев на сите нас – рече папата Фрањо светата Литургијата во домот Света Марта, осврнувајќи се на евангелието кое говори за човекот кој подготвил голема слава, но поканетите поради различни изговори не го прифатиле неговиот повик. Затоа ги испратил слугите да повикаат сиромашни и сакати, како би ја исполниле неговата куќа и уживале во вечерата. Тој настан, можеме да речеме е резиме на историјата на спасението и опис на однесувањето на многу христијани – забележа Папата.  

Вечера и слава, се слика на небото и вечноста со Господ – рече Светиот Отец и напомена – никогаш не се знае кого се на славата можеме да сретнеме. Таму се запознаваат нови личности и се среќаваат и оние кои не би сакале да ги видиме, но атмосферата е радост и бесплатност, бидејќи вистинското славење мора да биде бесплатно. Нашиот Бог секогаш нè повикува на слава, не ни наплатува влез. На вистинските слави влезот не се наплаќа; плаќа домаќинот, односно оној кој нè повикува. Но има и оние кои пред бесплатноста ги ставаат сопствените интереси.

Поради таа бесплатност и универзалност на славата, постои и став кој го затвара срцето: Не одиме таму. Подобро да останеме сами, затворени со луѓето кои ни одговараат – рече папата Фрањо и истакна: Тоа е грев; грев на израелскиот народ и на сите нас. Тоа е затвореност. Нешто што е наше, секогаш ни е поважно од она на другиот. Но она што е наше, не смее секогаш да има предност. Тоа е одбивањето и презирот кон оној кој повикува. Тоа значи на Господ да му се каже: ’Немој да ни сметаш со својата слава’ и да се затвориш за Господ Кој ни нуди радост на средбата со Себе.

Често на животниот пат ќе бидеме пред тој избор и таа можност; да се прифати Господовата бесплатност, да се оди и да се сретне Господ или да се затвориш во своите работи и интереси – рече Папата и објасни: Поради тоа Господ, говорејќи за една од затвореностите, рече дека е многу тешко еден богаташ да влезе во царството небесно. Меѓутоа, постојат и многу добри луѓе, свети и кои не се наврзани на богатството. Сепак, повеќето се затворени и наврзани на богатството. Затоа не можат да сфатат што е  слава. Сигурноста им е во опипливите работи.

Господовата реакција на нашето одбивање е одлучна – рече Светиот Отец и додаде: Сака на славата да бидат повикани луѓе од сите слоеви; оние кои се доведени, па и присилени, добри и лоши. Сите се повикани. Апсолутно сите, никој не може да рече: Лош сум, не можам... Не. Затоа што е лош, Господ го чека на посебен начин. Папата потсети и на однесувањето на таткото кон изгубениот син кој се врати. Синот почна да говори, но таткото не му дозволи да продолжи, туку го прегрна. Таков е Господ! Тоа е бесплатност!

Осврнувајќи се на првото читање во кое апостол Павле предупредува на лицемерието, папата Фрањо истакна дека на Евреите кои го одбиваа Исус, бидејќи веруваа дека се праведни, Господ еднаш им рече: „Вистина ви велам дека цариниците и блудниците пред вас ќе влезат во царството Божјо“. Господ ги сака отфрлените повеќе, но и нас нè повикува. Меѓутоа, како што вели евангелието, соочен со нашата затвореност, се оддалечува и е лут. Да размислиме за таа парабола која денес Господ ни ја дава. Како оди нашиот живот? Што сакаме повеќе? Секогаш да се прифати Господовиот повик или да се затвориме во своите работи и ситници? Да го молиме Господ за милоста секогаш да прифаќаме да одиме на Неговата слава која е бесплатна – рече Папата на крајот од проповедта.

06 ноември 2019, 15:56
Прочитајте сé >