Пребарување

Папа Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта Папа Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта   (ANSA)

Папа Фрањо: Христовата љубов не е како онаа од сапуница

На утринската света Литургија во Домот Света Марта Папата ги поттикна верниците да ја сфатат нежноста на Божјата љубов во Исус кон секој од нас; само така, рече, навистина ќе ја разбереме Христовата љубов

Нека Светиот Дух ни даде да ја сфатиме Христовата љубов кон нас и го подготви нашето срце како би се препуштиле на Господовата љубов – рече папата Фрањо во проповедта на утринската Литургија славена во Домот на света Марта во четврток 31 окотмври 2019 година, коментирајќи го првото читање од денешната Литургија, земено од Посланието на светиот Павле до Римјаните. Папата забележа дека Апостолот на народите, би можел да изгледа дури помалку горделив, премногу сигурен во себе, кога тврди дека ни неволји, ни маки, прогонство, глад, голотија, погибел, а ни меч нема да успеат да не разделат од љубовта Христова.

Мајчинска љубов

Сепак – истакна Папата толкувајќи ги зборовите на светиот Павле – покрај Господовата љубов сме надмоќни победници. Беше тоа и свети Павле, бидејќи од моментот кога Господ го повика, на пат кон Дамаск, почна да го сфаќа Христовото таинство; се заљуби во Христос, обземен со силна љубов – забележа Папата – со голема, не со некоја причина како од сапуница. Беше тоа сериозна љубов и тоа толку што чувствуваше дека Господ секогаш го следи, во во убави и лоши работи. 

Тоа го чувствуваше со љубовта. А јас се прашувам: Го сакам ли јас толку Господ? Кога доаѓаат лоши моменти, колку пати човекот ја чувствува желбата да рече: ’Господ ме напуштил, повеќе не ме сака’, и би сакал да го остави Господ. Павле, меѓутоа, беше сигурен дека Господ никогаш не го напушта – истакна Папата – ја сфати Христовата љубов во сопствениот живот. Тоа е патот кој ни го покажува Павле; патот на љубовта, секогаш, во добри и лоши работи, секогаш напред. Тоа е големината на Павле.

Да се даде животот за друг

Христовата љубов не може да се опише; таа е нешто големо – додаде Папата. Всушност Него Го испрати Отецот да нè спаси и тоа го направи со љубовта, го даде животот за нас. Нема поголема љубов од онаа кога сопствениот живот се дава за другиот. Да помислиме на една мајка, на љубовта на мајката која го дава животот за своето дете; секогаш го следи во животот во тешките моменти (...) Таа љубов е близу нас; Исусовата љубов не е некоја апстрактна љубов, тоа е љубов помеѓу мене и тебе и таа го опфаќа секој од нас, со име и презиме.

Плачот заради секој од нас

Во извадокот од евангелието според Лука, Папата пак забележува нешто од конкретната Исусова љубов. Говорејќи за Ерусалим Исус си спомнува колку пати сакал да ги собере неговите деца, „како квачка пилињата свои под крилја“, меѓутоа тие не сакаа. Затоа плачеше. Љубовта Христова води до плачење заради секој од нас. Колку е тука нежноста (...) Исус можеше да го осуди Ерусалим, да каже лоши работи... И жали затоа што не се препушта на љубовта како пилињата на квачката. Тоа е нежноста на Божјата љубов во Исус.

И тоа свети Павле го сфати. Ако не дојдеме до тоа да почувствуваме, да ја сфатиме нежноста на Божјата љубов во Исус кон секој од нас, никогаш нема да можеме да сфатиме што е Христовата љубов. Тоа е таква љубов, секогаш чека, трпеливо; тоа е љубов која последната карта ја игра со Јуда, кога му вели: „Пријателе“; му дава решение, сè до крајот. Така е и со големите грешници; Тој со таа нежност љуби сè до крај. Не знам дали ние размислуваме за така нежниот Исус – забележа Папата – за Исус кој плаче, како што плачеше над Лазаровиот гроб, како што плачеше тука, гледајќи го Ерусалим.

Љубовта која станува солза

Затоа Светиот Отец поттикна да се запрашаме плаче ли Исус поради нас. Тој, Кој ни даде многу, додека ние често избираме други патишта. Љубовта Божја станува солза, плач, плач на нежност во Исус. Поради тоа свети Павле се заљуби во Христос и ништо не можеше да го одвои од Него – истакна на крајот Папата. 

01 ноември 2019, 22:43
Прочитајте сé >