Пребарување

2024.05.15 A meeting of Eastern Catholic bishops from Central and Eastern Europe was held in Križevci

Во Крижевци се одржа средба на источно - католичките епископи од Централна и Источна Европа

Скопскиот бискуп и Струмико – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов на 13 и 14 мај 2024 година во Крижевци учествуваше на средба на Источно - католички епископи од Централна и Источна Европа.

Покрај домаќинот на средбата Крижевскиот епископ Милан Стипиќ, на средбата присуствуваа и архиепископот на Дебрецен-Хајдудорог и митрополитот на Унгарската источно - католичка црква Фулоп Коцис, архиепископот од Прешов и митрополитот на Словачката источно - католичка црква Јона Максим, епископот на Кошице Кирил Васил, епископ од Нирегихазис Атанас Орос, епископ од Мишколц Абел Шочска, помошниот епископ на Братислава Милан Лах, генералниот викар на мукачевската епархија отец Ференц Демко, претставник на источниот - католички викаријат Тарас Шагала и свештеници и ѓаконите кои ги придружуваа епископите.

Средбата е резултат на договорот на источно католичките епископи кои присуствуваа на 250-годишнината од Виенската синода од 1773 година, која се одржа во Виена од 30 мај до 1 јуни 2023 година. Тогаш се договорија да се состануваат еднаш годишно за да разговараат за важни пасторални теми на Источно - католичките цркви од Централна и Источна Европа.

По Вечерната, монсињор Стипиќ ги поздрави присутните и им посака добредојде и посочи дека епископите и претставниците на Црквите се собрани бидејќи ги поврзува заедничкото славно минато, но пред се современите пасторални прашања и предизвиците на Централноевропските католички цркви од византиски обред. Тој најави дека теми на средбата ќе бидат „Идентитетот на источно католичкиот свештеник“ и „Источно - католичкото семејство во Европа во 21 век“. По Вечерната се одржа состанок на епископите.

Средбата продолжи во вторник, на 14 мај, со архиерејска света Литургија предводена од словачкиот митрополит Епископ Јона Максим. Потоа следуваа предавања кои ги одржаа архиепископот и унгарски митрополит Фулип Кочиш, ѓаконот д-р Јанош Ниран и професор д-р Ружица Разум. Предавања и дискусии се одржуваа во салата „Маријаполи фаро“ која се наоѓа во близина на катедралата.

 

16 мај 2024, 18:28