Пребарување

2024.05.19 23921-1Pentecost in the "Sacred Heart of Jesus" Cathedral in Skopje

Миропомазание и Прва Причест во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

На празникот Педесетница бискупот Стојановги подели Светите Тајни Миропомазание и Прва Причест

Свеченото евхаристиско славење во недела 19 мај 2024 година на празникот Духовден, според грегоријанскиот календар, во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје го предводеше Скопскиот биксуп и струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, а со него сослужуваше каедралниот парох патер Винко Маслаќ. За време на светата Литургија бискупот Стојанов на пет лица ја подели светата Тајна миропомазание, а три деца примија Прва Света Причест.

Во проповедта бискупот Стојанов се осврна на празникот Педесетница, како и за важноста на Светите Тајни Миропомазание и Светата Причест за христијанскиот живот.

На свеченоста пееше Катедралниот хор под водство на Јулија Неловска, а на оргули свиреше Филип Костов.

 

20 мај 2024, 10:01