Пребарување

2024.05.19 13919 -11 Spriritual exertities for Eucharistic Sisters

Со света Литургија завршија духовните вежби за Сестрите Евхаристинки

Во провинцијалната куќа на Сестрите Евхаристинки во Скопје се одржаа Духовни вежби за сестрите од оваа монашка заедница.

Во  провинцијалната куќа на Сестрите Евхаристинки во Скопје од 12 до 18 мај 2024 година се одржаа Духовни вежби за сестрите од оваа монашка заедница. Моментите на молитва, духовност и предавање ги предводеше дон Томас Бак, а ги темелеше на Светото Писмо.

Духовните вежби завршија во сабота 18 мај со света Литургија, во капелата на сестрите која ја предводеше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.  Бискупот во својата проповед искажа благодарност до Сестрите за нивната неизмерна пасторална дејност во Цркват во Македонија како и нивната пожртвуваност во Централните установи на Католичката црква во Македонија. На светата Литургија со епископот сослужуваа бискупскиот канцелар протојереј ставрофор Марјан Ристов, катедралниот парох патер Винко Маслаќ, парохот во Куманово и Битола дон Томас Бак и катедралниот капелан патер Томислав Рукавина.

 

20 мај 2024, 10:04