Пребарување

2024.04.15 vescovo Joakim Herbut

Бискупот Стојанов служеше света Литургија за душата на упокоениот епископ Јоаким Хербут

Во недела 14 април 2024 година, по повод 19 годишнина од упокојувањето на монсињор Јоаким Хербут, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во сослужение на катедралниот парох патер Винко Маслаќ, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје служеше света Литургија, за покој на неговата душа.

Во недела 14 април 2024 година, по повод 19 годишнина од упокојувањето на монсињор Јоаким Хербут, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во сослужение на катедралниот парох патер Винко Маслаќ, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје служеше света Литургија, за покој на неговата душа.

На почетокот од евхаристиското славње бискупот Стојанов напомена дека повеќето повозрасни верници се сеќаваат дека бискупот Јоаким Хербут секогаш кога беше во можност во 10,30 часот служеше света Литургија за верниот Божји народ во Скопска бискупија и тогаш Апостолскиот егзархат, сега Струмичко – скопска епархија.

Во својата проповед монсињор Стојанов најпрво се осврна на неделните литургиски читања наменети за третата воскресна недела според грегоријанскиот календар, а потоа додаде: „Во тoa веруваше и живееше Неговото Преосвештенство, нашиот Ординариј, монс. д-р Јоаким Хербут. Верата во воскресението и воскреснатиот Исус и вечниот живот одат заедно. Да се верува во воскреснатиот едноставно значи да се живее. Веруваше во Воскреснатиот Исус, ги слушаше и исполнуваше Неговите зборови, беше поинаков од сите нас, беше човек на молитва, живееше, го проповедуваше Божјото Слово искажувајќи ја на дело својата вера и верност во Христа воскреснатиот, предавајќи го својот дух во Него. Затоа го молиме Господа Бога да му удели радост во небесното Царство, а преку нашите молитви нека се застапува за нас и за оваа месна Црква на која за време на неговиот земски живот и служеше цели 35 години како нејзин Архипастир.

За време на светата Литургија пееше катедралниот хор под диригенство на маестро Јулија Неловска, а на оргули свиреше Филип Костов.

Монсињор Јоаким Хербут е роден 1928 година во Руски Крстур, Војводина. Во 1952 година е ракоположен за свештеник во конкатедралната црква „Свети Кирил и Методиј” во Загреб. Од 1954 до 1957 година е секратар на Скопскиот бискуп Смиљан Чекада. Во 1954 година дипломира на Католичкиот богословски факултет во Загреб, а во 1965 завршува канонско право на Папскиот универзитет „Латеранум” во Рим. Во 1966 година на истиот универзитет ја одбрани докторската дисертација од канонско право на тема „Постот во византиската Црква”. Во октомври 1969 година монс. Јоаким Хербут е именуван за Скопско-призренски бискуп, должност која ја презема во јануари 1970 година. Во 1972 година е именуван за Апостолски визитатор за католиците од византиски обред во Македонија, а во 2001 година е инторнизиран за Апостолски егзарх во Македонија на воспоставениот Апостолски егзархат за верниците католици од источен обред во Македонија. Монсињор Јоаким Хербут се пресели во вечноста по долго боледување во Скопје на 15 април 2005.

17 април 2024, 11:05