Пребарување

2024.03.04 Macedonian Caritas is part of the regional youth employment program - Nord Macedonia

Македонски Каритас дел од регионалната програма за вработување на млади

Од 26 до 28 февруари 2024 година во Подгорица Македонски Каритас со тимот вклучен во проектот YourJob II учествуваше на Регионалната конференција насловена „Вработување на младите - предизвици и можности“.

Конференцијата ја отвори надбискупот на Бар и претседател на Каритас Црна Гора монс. Рок Ѓонлешај. Поздравни зборови упати г. Марко Ѓеловиќ, директор на Каритас Црна Гора, кој истакна дека невработеноста кај младите е глобален проблем, а со тоа и во Црна Гора. Коордианторот на Македонски Каритас г. Спасе Спасов ги презентираше планираните активности на проектот YourJob II во Македонија.

По воведните поздрави и зборови за поддршка за програмата YourJob II и презентацијата на програмата, беа организирани две панел дискусии, на кои беа споделени искуства и примери на добри пракси.

Програмата „YourJob II“ е регионален проект за создавање можности за вработување на младите на Балканот и се реазлира од 2019 година. Конкретните активности ја зголемуваат конкурентноста на младите на пазарот на труд и влијаат на намалување на невработеноста кај младите. Програмата се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, а од оваа година се спроведува и во Македонија и Црна Гора.

Во Македонија проектот го спороведува Македонски Каритас во општините Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Гевгелија и Богданци.

03 март 2024, 17:45