Пребарување

2024.01.05 13556- Bishop Stojanov received the members of the Cathedral Choir from Skopje - Nord Macedonia

Бискупот Стојанов ги прими членовите на Катедралниот хор од Скопје

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов на традиционалниот божиќно – новогодишен прием им искажа добредојде на членовите на Катедралниот хор „Пресвето Срце Исусово“ од Скопје.

Во четврток 4 јанаури 2024 година во бискупската резиденција во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов на традиционалниот божиќно – новогодишен прием им искажа добредојде на членовите на Катедралниот хор „Пресвето Срце Исусово“ од Скопје. На сребата присуствуваше катедралниот парох о. Винко Маслаќ како и о. Марјан Ристов, бискупски канцелар.

Во оваа прилика беа изразени обострани честитки и разменети подароци. Бискупот Стојанов им се заблагодари нчленовите на Катедралниот хор за нивната несебична пожртвуваност при литургиските славења и им посака успешна и благословена Нова година, упатувајќи им го својот архиерејски благослов.

Хористите, предводени од диригентката Јулија Неловска, му ги честитаа на бискупот Стојанов божиќните и новогодишните празници искажувајќи благодарност за неговата постојаната поддршката, која ја дава на хорот.

08 јануари 2024, 17:17