Пребарување

2023.12.30 Bishop Stojanov received the director of Croatian Caritas, Fra Tomislav Glavnik - Nord Macedonia

Бискупот Стојанов го прими директорот на Хрватски Каритас фра Томислав Главник

Во петоок 29 декември 2023 година во бискупската резиденција на Водно, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, кој воедно е и претседател на Македонски Каритас го прими директорот на Хрватски Каритас, фра Томислав Главник ОФМ Конвентуалец

Во петоок 29 декември 2023 година во бискупската резиденција на Водно, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, кој воедно е и претседател на Македонски Каритас го прими директорот на Хрватски Каритас, фра Томислав Главник ОФМ Конвентуалец, кој беше придружуван од директорот на Македонски Каритас протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов.

На средбата епископот Стојанов го запозна со животот и активностите на Црквата во Македонија, а потсети и на добрата соработката со Католичката црква во Хрватска. Воедно заблагодари за поддршката на Хрватскиот Каритас, кој ја дава на Македонски Каритас.

Претходно директорот на Македонски Каритас протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов му ги претстави на фра Томислав Главник проектните активности на Македонски Каритас.

30 декември 2023, 10:24