Пребарување

NMACEDONIA-POPE-RELIGION

Бискупот Стојанов се сретна со министерот за правда Лога

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов во петокот, 7 јули 2023 год., во Резиденцијата на Водно во Скопје го прими Министерот за правда во Македонската влада г-динот м-р Кренар Лога.

Во пријатниот разговор, Министерот за правда и Скопскиот бискуп и Струмичко -скопски епарх, разговараа за предизвиците со кои се соочува нашето општество како и за активностите и структурата на Католичката црква.

Министерот изрази благодарност до Бискупот на приемот и искрениот и отворен разговор, истакнувајќи ја отвореноста на Министерството за правда за соработка со сите чинбеници во општеството, додека Бискупот на Министерот му посака напредок и Божји благослов во многу одговорната служба.

09 јули 2023, 17:40