Пребарување

2023.05.10 Bishop Kiro Stoianov of Skopje, Bishop Stanislav Zore and Bishop Vitale Ottavio of Lezhë

Бискупот Стојанов учествува на конференцијата „Семејството во Европа денес“

Во својство на претседател на Комисијата за семејство и живот на Меѓународната бискупска конференција „Свети Кирил и Методиј“ бискупот Стојанов учествува на конференцијата „Семејството во Европа денес“ организирана од CCEE

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов, како претседател на Комисијата за семејство и живот при Меѓународната бискупска конференција „Свети Кирил и Методиј“ од 8 - 10 мај 2023 година учествуваше на тридневна конференција во Букурешт насловена „Господи, како можеме да го знаеме патот; семејството во Европа денес“ на која се дискутира за улогата и состојбата на семејството во Европа. Конференцијата е во организација на Комисијата за семејство и живот на Советот на бискупските конференции на Европа (CCEE).

На конференцијата на присутните им се обрати епископот Стојанов, а учествуваат околу четириесет делегати од дваесет и две земји и тоа е втора средба на Комисијата за семејство и живот на Советот на бискупските конференции на Европа, по пандемијата на коронавирус. Меѓу останатите говорниците беа, Габриела Гамбино, потсекретар на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, кардинал Вилем Ајк, отец Хуан Хозе Перез-Соба, професор на Папскиот институт Иван Павле II.

10 мај 2023, 09:03