Пребарување

Отец Петар Орос Отец Петар Орос  

Отец Орос ќе биде прогласен за блажен

Папата со декрет го признава мачеништвото на свештеникот на Источно католичката епархија Мукачево во Украина, отец Петар Орос, кој беше убиен во 1953 година во тогашниот Советски Сојуз. Објавени се и пет други декрети за херојски крепости, меѓу кои и оној кој се однесува на директорот на „Радио Апарецида“ Виктор Коељо де Алмеида и на фрањевецот капуцин Умиле да Џенова.

Украински свештеник убиен за време на советскиот режим ќе биде прогласен за блажен

Папата со декрет го признава мачеништвото на свештеникот на Источно  католичката епархија Мукачево во Украина, отец Петар Орос, кој беше убиен во 1953 година во тогашниот Советски Сојуз. Објавени се и пет други декрети за херојски крепости, меѓу кои и оној кој се однесува на директорот на „Радио Апарецида“ Виктор Коељо де Алмеида и на фрањевецот капуцин Умиле да Џенова.

Животот на идниот блаженик отец Петар Орос

Отец Петар Орош е роден на 14 јули 1917 година во унгарското село Бири. Неговиот татко бил источно католички свештеник кој исчезнал кога Петар имал две години, а на 9. годишна возраст останува и без мајка. Влегува во семинаријата во Закарпатија - на границата меѓу Украина и Унгарија - во 1937 година, а пет години подоцна бил ракоположен за свештеник во Источно католичката епархија Мукачево во Украина. Наскоро станал почитуван поради неговата ревност и љубов кон сиромашните.

Поради војната, во 1934 година посетувал курс за воени капелани во Словачка. Во неговата парохија се враќа во 1944 година, која, како и целиот Закарпатски регион, била окупирана од Црвената армија и припоена кон тогашната Украинска Советска Социјалистичка Република.

Со насилната анексија кон СССР, започна периодот на прогонство на Источната католичка црква. На отец Орос бил вршен притисок да премине во Руската православна црква, но тој се спротивставил. Во 1949 година, пасторалните активности биле забранети и биле затворени Источните католички цркви, а била укината и епархијата Мукачево. Во таа реалност, отец Орос ја живеел, свесно и храбро, состојбата на осомниченик кој бил следен од тајните служби и подложен на произволни апсења. Дури и кога Источната католичка црква беше прогласена за „нелегална“ во 1949 година, отец Орос продолжил тајно да ја извршува својата свештеничка служба.

Против него во 1953 година е распишана потерница. Се обидел да избега, но на 28 август полицаец го запрел на железничката станица во селото Силце и го убил. Атентатот од самиот момент се сметал за мачеништво, и покрај тоа што телото на свештеникот останало сокриено до распадот на Советскиот Сојуз. Неговиот спомен остана врежан во срцата на верниците и трае до ден денес.

Чесни слуги Божји

Декретите за херојски крепости се однесуваат на колумбискиот свештеник Хесус Антонио Гомез Гомез; фрањевецот капуцин Умиле да Џенова; Шпанскиот свештеник Иван Санчез Хернандез; редемптористот Виктор Коељо де Алмеида - директорот на бразилското радио Апарецида и индиската монахиња урсулинка Марија Селин Кананаикал.

06 август 2022, 12:38