Пребарување

fatima-3-copy--rsz.jpeg

Бискупот Стојанов посветувањето ќе го изврши од Ватикан

Бискупот Стојанов посветувањето ќе го изврши од базиликата Свети Петар во Рим во заедништво со папата Фрањо

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов се придружува на повикот на папата Фрањо, на молитвата за посветување на човештвото, посебно Русија и Украина и ги повикува парохиите, монашките заедници, црковни движења и целиот Божји народ во Македонија, на 25 март 2022 година, по можност во 18,30 часот, да земат молитвено учество во свечениот чин на посветување на човештвото на Безгрешното Срце на Марија, посебно Русија и Украина.

Преку Божјата милост бискупот Стојанов посветувањето ќе го изврши од базиликата Свети Петар во Рим, на свечената покорничка богослужба, која ќе ја предводи папата Фрањо.

Имено во писмо упатено до сите бискупи во светот, а објавено на 23 март 2022 година од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Светиот Отец, папата Фрањо ги покани да му се придружат на свечениот чин на посветување на човештвото, посебно Русија и Украина, на Безгрешното Срце на Марија.

25 март 2022, 08:40