Пребарување

1648226342657.jpg

Бискупот Стојанов го посвети човештвото на Безгрешното Срце на Марија

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов на 25 март 2022 година од базиликата Свети Петар во Рим, во заедништво со папата Фрањо и бројни кардинал и бискупи од ширум светот го посвети целото човештво, посебно Русија и Украина, на Безгрешното Срце на Марија.

На свеченото посветување претходеше Покорничка богослужба, која ја предводеше Светиот Отец, по што следуваше посветувањето. Во својата хомилија Светиот Отец истакна: Ние самите не сме во состојба да ги разрешиме спротивставеностите во историјата, па дури и спротивставеноста на нашите срца. Потребна ни е мудра и кротка сила Божја, а тоа е Светиот Дух.

Истовремено во Католичките цркви во Македонија исто така се изврши овој свечен чин, а по повик на бискупот Стојанов да се придружат на повикот на Папата за посветување на целото човештво, посебно Русија и Украина, на Безгрешното Срце на Марија.

28 март 2022, 09:39