Пребарување

Vatican News
Holywin – светоста победува во Струмица Holywin – светоста победува во Струмица 

Во Струмица се одржа Holywin – светоста победува

Во недела 31 октомври 2021 година во организација на младите од парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица се одржа молитвена средба насловена Holywin – светоста победува. На средбата покрај младите од парохијата присуствуваа, деца од веронаучната група, како и верници.

Молитвената средба започна со Обожавање на Светата Причест, а додека се изнесуваше Причеста за обожавање, деца преоблечени во светци влегоа во Црквата и се придружија на верниците во обожавањето.

За време на Обожавањето покрај читањето на животописите на избрани светци, младите имаа подготвено и три медитации кои се однесуваа на радоста, чистотата и светоста. Сето ова беше придружувано со песни, анимирани од младите.

По благословот со светата Причест младите го продолжија дружењето во парохиската сала, гледајќи филм со христијанска содржина.

04 ноември 2021, 10:06