Пребарување

Vatican News
Монахиња во Африка Монахиња во Африка 

Ранливоста главна тема на Генералното собрание на Меѓународната унија на монахињи поглаварки

„Тоа ќе биде прилика меѓусебно да ги споделиме своите слабости и да ја обновиме силата на заедништвото кое секогаш е одраз на Божјата љубов“, рече претседателката на Меѓународната унија на високи монашки поглаварки (UISG) с. Јоланта Кафка, зборувајќи на изборот на темата и за очекувањата за следното пленарно собрание во контекст на синодалниот пат.

„Прифаќањето на ранливоста на синодалниот пат“ – е темата избрана за пленарното собрание на Меѓународната унија на високи монашки поглаварки (Unione Internazionale Superiore Generali, UISG), кое е еден од најважните настани во животот на Унијата резервиран исклучиво за нејзините членови, генералните поглаварки на монашките конгрегации. Во меѓувреме на 18 ноември се завршени двата подготвителни дена за тој настан закажан за 2022 година, поделен во три фази, започнувајќи од март, лично и онлајн.

Сестра Јоланта Кафка претседателка на UISG во интервју за Ватикан њуз благодари на Бог и на Црквата за повикот на синода, која се чувствува како дар и каирос.

Таа нагласува дека на собранието на Унијата ќе присуствуваат околу 500 учесници кои претставуваат многу различни реалности од аспект на култура, живот во Црквата, служба и послание. „Овој пат тоа го работиме и со процесот на пред-средба со два онлајн состаноци и еден пост-состанок со цел подобар континуитет. Собранието исто така е прилика повторно да се потврди разноликоста на харизмите само по себе богатство, но тоа е така затоа што тие меѓусебно се поврзани. Собранието ги собира генералните поглаварки, но никогаш одвоени од реалноста на страдањето и преобразувањето на човештвото“, рече с. Јоланта, додавајќи дека темата за ранливоста е создадена од нивните разни средби и разговори, како збор кој ја одразува ситуацијата која обединува по искуствата на заедниците и нивните посланија. „Реалноста на ранливоста е простор за средби, за грижа, за милост и обострана добрина“, вели претседателката на Унијата. (...)

Одговрајќи на прашање дека монахињите денес можат да ја сведочат својата ранливост, сестра истакна: „Верувам дека сведоштво е отворено да се зборува за тоа без преправање да ги порекнуваме своите граници, затоа што како што вели свети Павле „силни сме кога сме слаби“, а исто така „во нашето сиромаштво се покажува силата Божја“. Сведоштвото кое го даваат во лекувањето на раните во нивните заедници и во Црквата, не ги тера да се однесуваат како хероини, туку ги поттикнува да бидат и да го делат она што се, нагласува претседателката на Унијата, заклучувајќи дека Папата монахињите многу пати ги повикал да излезат, да го распнат шаторот за средби меѓу луѓето. Излегувањето исто така значи на различни начини да се наведнеме над раните на другите. Тоа е сведоштво во ранливоста дека си требаме едни на други, дека во заедништвото можеме да се соочиме со рани работи. Следното собрание ќе биде прилика за меѓусебно да ги поделиме своите слабости и да ја обновиме силата на заедништвото кои отсекогаш ја одразува Божјата љубов,“ заклучи с. Јоланта во разговорот за Ватикан њуз.

24 ноември 2021, 09:48