Пребарување

Vatican News
Протести во Куба Протести во Куба  (AFP or licensors)

Епископите од Куба се огласија за протестите во земјата

Среде немирите кои започнаа на 11 јули, Епископската конференција на Куба објави порака до жителите на земјата во која повикуваат на взаемно слушање и заедничко барање на праведно решение за кризата.

Во писмото објавено на нивната официјална страница, бискупите им порачуваат  на сите Кубанци со добра волја дека не можат да ги затворат очите пред настаните до кои дошло кога илјадници луѓе излегоа на протести заради влошување на економската и општетсвената ситуација во земјата.

Разбираме дека владата има одговорност и дека се обидува да ги ублажи спомнатите потешкотии, но исто така го разбираме правото на луѓето да ги изразат своите потреби, желби и надеж – истакнуваат епископите. (...)

Решението нема да се постигне со наметнување или пак со повици за соочување, туку со взаемно слушање, барајќи заеднички одговори и преземање на конкретни чекори кои придонесуваат за градење на татковината „со сите и за доброто на сите“. Таа е земјата која ја сакаме, повикува епископската конференција.

Бискупите се повикуваат и на папата Фрањо кој исто така предупредува дека кризата не се совладува со конфликт, туку со барање за разбирање.

Насилството раѓа насилство, а денешната агресивност отвора рани и го храни утрешното огорчување кое ќе бара многу напори за да се совладаат. Затоа ги повикуваме сите нека не ја поттикнуваат кризата, туку со ведар дух, добра волја, слушање, разбирање и толеранција која зема во предвид и ги почитува другите, заедно да се бара праведно и пригодно решение, заклучија епископите и молат за застапништво на Дева Марија Царица и мајка на сите Кубанци.

15 јули 2021, 10:37