Пребарување

10837.jpg

Бискупот Стојанов се сретна со монс. д-р Мирослав Ваховски

Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, денес, 30 јуни 2021 годниа, во попладневните часови во Бискупската резиденција во Скопје го прими монс. д-р Мирослав Ваховски, „заменик министер“ односно потсекретар во Државниот секретаријат на Ватикан за односи со државите. Државниот потсекретар беше придружуван од монс. Јануш Блахомиjак, од оделот за односи со државите.

Средбата помина во срдечна братска атмосфера на која претежно се разговараше за дејноста на Католичката црква, а пред сѐ, во време на пандемијата Ковид 19 и последиците од неа.

Монс. Мирослав Ваховски ќе учествува на конференцијата „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна" што ќе се одржи на 1 и 2 јули во Охрид. Конференцијата е под покровителство на Македонската влада, а во организација на Министерството за надворешни работи.

02 јули 2021, 08:54