Пребарување

Vatican News
 Благослов на камен темелник на нова парохиска куќа и пасторален центар во Радово Благослов на камен темелник на нова парохиска куќа и пасторален центар во Радово 

Во Радово благословен камен темелник на нова парохиска куќа и пасторален центар

На 7 јуни 2021 година во дворот на парохиската црква „Свети Прорoк Илија“ во Радово Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх го благослови камен темелникот на новата парохиската куќа и пасторален центар во Радово.

На свеченоста покрај свештениците од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија, присуствуваа црковниот одбор, чесните сестри Евхаристинки градоначалникот на општина Босилово г-дин Зоран Зимбаков, архитекот на објектот Антон Кајтази, изведувачот и вработените во Пронекс инжинеринг на чело со Никола Стојанов и Зоран Николов и други изведувачи.

Отец д-р Зоран И. Стојанов искажа благодарност на епископот Стојанов, како и на присутните за нивното присуство и придонес при реализацијата на овој проект.

Во свеото обраќање епископот Стојанов се заблагодари на Господ Бог за овој проект кој подолго време созреваше, како и на присутните за нивниот ангажман и придонес, потенцирајќи го поединечно секој нивен придонес.

Свеченоста продолжи со заедништво и агапе.

08 јуни 2021, 09:46