Пребарување

Vatican News
Бискупот Стојанов служи света Литургија за покојните на гробиштата Бутел во Скопје Бискупот Стојанов служи света Литургија за покојните на гробиштата Бутел во Скопје 

На гробиштата Бутел бискупот Стојанов служеше света Литургија за покојните

Бискупот Стојанов служи света Литургија за покојните на гробиштата Бутел во Скопје

На Градските гробишта Бутел во Скопје, на празникот на Сите Светии, 1 ноември 2020 година, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов служеше света Литургија. На светата Литургија со бискупот сослужуваа о. Марјан Ристов, бискупски канцелар и о. Паво Шекерија, парох во Скопската катедрала.

Во својата проповед бискупот Стојанов зборуваше за празникот на Сите Светии, повикот на светост, а исто така повика на молитва за починатите. На крајот од евхаристиското славење бискупот Стојанов ја измоли молитвата за сите покојни, кои почиваат на гробиштата.

За време на светата Литургија, која се служеше на отворено присутните верници ги почитуваа пропишаните мерки за заштита од ширење на коронавирусот.

02 ноември 2020, 13:04