Основана нова Амазонска црковна конференција
Тоа тело треба да стане мост кој ќе покренува други мрежи и општествено-еколошки црковни иницијативи на континентално и меѓународно ниво.
Изборот на датумот за основање на конференцијата не е случаен. Имено, на 29 јуни се слави празникот на свети Петар и Павле кој го потврдува повикот на тоа ново тело да се стави во служба на Црквата, на нејзината пророчка служба и на нејзиното мисионерско делување. Изгледа дека создавањето на таа црковна конференција е чин на надеж, обединет со науката на папата Фрањо кој од блиску го следеше целиот тој процес. Но, не само тоа, амазонската црковна конференција во оваа за единство тешко и посебно време сака да биде конкретен предлог додека пандемијата силно ги погодува панамазонските краишта и подрачја во кои владее насилство, исклучување, а смртта им се заканува на народите кои таму живеат и бара итно и неизбежно целосно преобраќање.