Пребарување

Vatican News

Од целиот свет доаѓа благодарност за директниот пренос на утринските Литургии на Папата

Директниот пренос од утринските Литургиски славења на папата Фрањо привлече големо внимание, не само во Италија, туку и во целиот свет.

Oд почетокот на седмицата пристигнуваат бројни благодарности за директниот пренос од утринските Литургии кои ги предводеше Папата во Домот „Света Марта“ во Ватикан, а кои ватиканските медиуми и италијанска телевизија РАИ 1 ги пренесуваа од 9 март до 18 мај.

Ватикан Њуз истакнува дека од сите континенти добиваат коментари, фотографии и лични видео клипови со кои му заблагодаруваат на Папата што ги придружуваше во тешките моменти на изолација. На крајот на март, емитувањата со симултан пренос беа емитувани и во Кина, од почетни 300 следачи бројот наскоро се искачи на 8000.

Главниот уредник на католичкиот дневник Авенир Марко Таркињо истакна дека многумина им се јавуваат жалејќи што се прекинати директните преноси од утринските Литургии на Папата. За италијанската јавна телевизија Литургиите на Папата беа на врвот на гледаноста кој двојно се зголеми во тој час, а експертите говорат за „медиумска сензација“.

22 мај 2020, 10:36