Пребарување

Vatican News
Социјалните служби во Ломбардија под голем притисок Социјалните служби во Ломбардија под голем притисок 

Социјалните служби во Ломбардија под голем притисок

Потпаролот на Каритас Амброзијана во Милано Франческо Кијаварини, на 16 март предупреди дека во Ломбардија, област која е особено погодена со заразата од корона вирусот, функционирањето на сите социјални служби станува многу тешко

На волонтерите кои им помагаат на сиромашните и бездомниците им требаат побезбедни услови за работа. Ако службите за помош застанат со работа, луѓето ќе останат на улица, гладни, посочува Кијаварини. Тој додава дека следните денови ќе бидат многу тешки за Милано и доколку се зголеми бројот на случаи, медицинската помош ќе биде во голема криза, бидејќи здравствениот систем е веќе преоптоварен. Италијанските медиуми во недела 15 март објавија дека 700 луѓе биле заразени во Милано, што во просек е значително помалку отколку во остатокот од регионот.

Каритас до сега успеа да обезбеди редовни услуги, но бидејќи училишните кујни сега се затворени, многу сиромашни семејства со деца се упатени до Каритас за помош. Затоа го молат државниот штаб при распределбата на заштитни средства да не ги заборават невладините организации.

Во меѓувреме Каритас одреди дека само лицата под 65 годишна возраст и кои се со добро здравје, смеат да волонтираат, а бидејќи универзитетите се затворени предлага да помогнат и студентите. Каритас на Миланската надбискупија во моментот има 200 вработени во своите институции, а 3.800 волонтери на ниво на парохија.

18 март 2020, 09:30